Радио Кочани
Кочани

ДПД Кочани освои златен трофеј на Меѓународниот противпожарен натпревар ВИП 2024 во Србија

919

Денес ДПД Кочани (Доброволно противпожарно друштво) на Меѓународен противпожарен натпревар ВИП 2024 во Петроварадин, Нови Сад, Србија, настапи со две екипи и го освои првиот историски златен трофеј.

Во силна конкуренција од 21 екипи од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, едната екипа на ДПД Кочани го зазема првото место со дури 50 секунди предност пред второпласираната екипа.

Втората екипа на ДПД Кочани натпреварот го заврши на шестото место.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе