Радио Кочани
Кочани

Одбележан Денот на сесловенските просветители и патрониот празник на ОУ„Св.Кирил и Методиј“

437

ОУ „Свети Кирил и Методиј“ – Кочани, синоќа во пресрет на Денот на сесловенските просветители, го одбележа патрониот празник.
Присутните уживаа во богатата програма подготвена од учениците и вработените на училиштето.

На многубројната публика  се обрати в. д. директорката Христина Симова Јовановска, која ја прогласи првенката на генерацијата Јована Карова и пофалената ученичка Тамара Атанасова.

Беше доделена и диплома за натпросечни резултати по предметот Информатика на ученикот, Владимир Грчев.

Многубројната публика ги проследи настапите на училишниот хор, кратката драматизација и музичко-ритмичките точки, на тема „Во светот на анимираните филмови и бајките“

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе