Радио Кочани
Кочани

Во Музејот „Теракота“ – Изложба на икони од зографот Пецанов

247
Музеј „Теракота“ Виница од вчера е  домаќин на изложба од 24 икони (фотграфии) на истакнатиот македонски иконописец и зограф, Григориј Пецанов од Струмица. Изложбата е реализирана во соработка со НУ Завод и Музеј Струмица.

Настанот официјално беше отворен од директорката на Музеј „Теракота“ Виница, Сара Даневска и од г-ѓа Магдалена Василева историчар на уметноста.
Отварањето на изложбата беше збогатена со прекрасна изведба на црковниот хор „Јован Кукузел“ заедно со нивниот диригент Игор Насев.
Фотографиите се поставени во фоајето на Домот на култура „ Тошо Арсов“ Виница, каде авторот на изложбата, историчар на уметноста Магдалена Василева, даде оригинален осврт на богатото творешто на талентираниот уметник, иконописец и зограф Григориј Пецанов.
Иконописецот и зограф Григориј Пецанов има богато творештво во времето на Македонската преродба од XIX век, во кое се вбројуваат серија икони од иконостасот на црквата „Свети Димитар“ во с. Драчевица и во црквата Света Троица во с. Дабиле.
Ја живописува и црквата „Свети Димитар“ во с. Градец, фреските на таванот во храмот во с. Дабиле, го слика „Св. Ѓорѓи“ во црквата Успение Богородично во с. Смојмирово, иконата Успение на Пресвета Богородица во Беровскиот манастир Св. Архангел Михаил, престолните икони во цркавата Св. Архангел Михаил во Драмче и др. Со други автори работи во многу други цркви во регионот: во Делчево, Разловци, Стар Истевник, Смоларе и Струмица. После 1878 год. Григориј Зограф се населува и твори во Бугарија каде работи на фрескопис во берковската црква Свети Никола. Во црквата Воскреснување Христово во софиското село Челопечене на иконата Света Богородица има потпис дека е изработена од рацете на Григориј иконописец македонец од Струмица во март 1897 год.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе