Радио Кочани
Кочани

Инсталирани фотоволтаични системи во ОУ „Никола Карев“, СОУ „Гошо Викентиев“ и на Фабриката за вода

350

Во рамките на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот Плански Регион“ денеска на кровната конструкција на ОУ „Никола Карев“ се инсталираа фотоволтаични панели со моќност од 40 киловати.

– Вкупната вредност на инвестицијата е околу два милиона денари, а предвидено е да се постават фотоволтаични панели на целиот кров, односно на површина од околу 800 квадратни метри. По завршувањето на градежните работи фотоволтаичната централа ќе се приклучи на постојната електрична инсталација во училиштето. Со ова, очекуваме значително да ги намалиме трошоците за струја и воопшто во работењето,  изјави Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Со регионалниот проект, фотоволтаични системи од 210 и 27,5 киловати се поставени и на Фабриката за вода и на СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани.

Вкупната вредност на проектот, во кој покрај Кочани се вклучени и општините Штип, Карбинци, Виница и Македонска Каменица, изнесува 13,7 милиони денари, обезбедени преку Програмата за регионален развој за 2023 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе