Радио Кочани
Кочани

В недела „Осогово“ – „Пелистер“… Стогодишнината на клубот да ја прославиме со опстанок во Втора лига

613

Почитувани, нашиот фудбалски миленик Осогово во недела 19.05.2024 год. со почеток во 17.00 часот ќе го одигра последниот натпревар за оваа натпреварувачка сезона против тимот на новиот прволигаш, тимот на Пелистер од Битола.

За наше Осогово овој натпревар е многу битен во борбата за опстанок и се надеваме со голема подршка од трибините ќе ја оствариме нашата цел да и на есен повторно го гледаме нашиот миленик во Втора лига.

Затоа ве повикуваме сите симпатизери, љубители на фудбалот во Кочани и околината, навивачката група СЕЈМЕНИ, да дојдете во недела на градскиот стадион ,,Никола Мантов,, и со фер и коректно навивање да го подржиме нашето Осогово да дојде до победа која ќе значи и опстанок во лигата. Влезот на натпреварот ке биде БЕСПЛАТЕН, а на самиот влез ќе има кутија за донација  за кој сака да донира средства кои ке ги намениме за нашата фудбалска школа.

Исто така на самиот влез ќе се продаваат и маици со логото на клубот и со лого на 100 години фудбал  во Кочани. Секоја донација е добредојдена за нашиот клуб, а со тоа им помагаме на нашата фудбалска академија.

Оваа година нашиот клуб и град слави голем јубилеј со кој може да се пофалат многу малку екипи во државата, затоа ве повикуваме сите заедно да навиваме и  да дојдеме до посакуваната победа, што значи и опстанок во лигата.

НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ, ВО НЕДЕЛА СИТЕ НА СТАДИОН, ЗАЕДНО ЗА НАШЕ ОСОГОВО.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе