Радио Кочани
Кочани

Отворен и кариерен ден во СОУ „Гошо Викентиев“

618

Во средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани денеска имаше отворен и кариерен ден во тренинг центарот за PLC програмирање.

 

Целта на настанот беше да се информираат претставниците од приватниот сектор за можностите за соработка преку организирана посета на тренинг центарот за PLC (Programmable Logic Controller) програмирање во училиштето, како и промоција на ефективноста на програмата за обука за PLC програмирање.

Исто така, компаниите од регионот имаат можност да ги информираат средношколците за тоа какви можности нудат за дополнителна обука, практикантство или вработување.

 

 

Настанот беше организиран од СОУ „Гошо Викентиев“ во соработка со активностите на USAID  Партнерства за економски раст и Млади кои создаваат можности.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе