Радио Кочани
Кочани

КК „Кочани“ – Шест медали за каратистите до 13 години на државното во Гевгелија

407
Државно првенство за деца од 10 до 13 години одржано вчера, 27 04 2024 год., во Гевгелија.

Од Карате Клубот Партизан од Кочани настапија 8 натпреварувачи, сите во категоријата Кумите и освоија 6 медали( 3 сребрени и 3 бронзени)
Сребро освоија:
-Дамјан Арсов категорија ( +50 кг)
-Лана Манасиева категорија ( -39 кг)
-Имрен Саидова категорија ( +46 кг)
Бронзен медал освоија:
– Никола Атанасов категорија ( +50 кг)
– Божјидар Трајчев категорија ( -35 кг)
– Томислав Ристов категорија ( -42 кг)
Настапија и Мартин Арсов и Лина Спасова иако прикажаа добри борби не успеаа да освојат медал.
Сите освојувачи на медали изборија пласман во Репрезентацијата на Македонија и ке настапат на Балканското првенство за деца од 10 до 13 години што ке се одржи во Истанбул.Р. Турција од 30 Мај до 02 Јуни.
Честитки до сите.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе