Радио Кочани
Кочани

Безбедноста и здравјето при работа главен приоритет на „Амфенол Технолоџи Македонија“

1,202

По повод Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа 28ми Април во дворот на „Амфенол Технолоџи Македонија“ се организираше вежба „ВОЗЕЊЕ ВИЛУШКАР СО ТОВАР И ПРЕПРЕКИ ВО МАЛ ПРОСТОР“. Учество земаа вработени во магацините во „Амфенол“. Концентираноста и прецизноста е основна задача на вработените во магацинот. Најпрецизен и без грешки беше Благој Митев со освоено прво место, веднаш зад него беше Дејан Илиев со освоено второ место а на Стојанчо Лазаров му припадна третото место.
Им честитам на паричните награди – изјави за Радио Кочани Моника Филиповски – координатор за безбедност и здравје при работа, заблагодарувајќи и се на комисијата од „Народен Универзитет“ Кочани, професорите Јордан Димитров и Бранко Богатинов. Ваквите игри и вежби се традиција во АТМ и овој пат се покажа дека безбедноста и здравјето се секогаш на прво место во „Амфенол“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе