Радио Кочани
Кочани

В недела, 28 април, ќе се одржи Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

383

Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 28 април 2024 година, по третпат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“, во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.

Сите заинтересирани љубители на шахот коишто сакат да учествуваат на турнирот можат да се пријават на телефонскиот број 074 602 077, кај Јордан Ангелов Цуфле.

Турнирот ќе се одржи во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“, во Трговскиот центар, блок А, зграда 1, со почеток од 11 ч.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе