Радио Кочани
Кочани

„Зрно по зрно“ – изложба на автомобили од минатиот век

353

В недела, 21 април, од 12 до 15 часот, Кочани ќе биде домаќин на педесетина историски возила – олдтајмери, кои ќе бидат изложени на паркингот кај Трговскиот центар, во центарот на градот.

Настанот го организира Автомобилското здружение „Љубители на класик мини“ од Скопје,  во соработка со Општината Кочани.

На изложбата ќе можат да разгледаат повеќе модели на автомобили кои се возеле во минатото по нашите патишта, а ќе бидат претставени и 15 возила од Република Србија.

Покрај од Кочани, ќе има изложувачи и од Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Велес, Македонска Каменица, Тетово и Скопје.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе