Радио Кочани
Кочани

Од понеделник, 22 април – времен режим на сообраќајот на дел од улицата „Никола Карев“

894

Заради модернизација на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, во периодот од 22 април до 3 мај 2024 год. ќе има времена измена на режимот на сообраќајот на дел од ул. „Никола Карев“.

Во овој период, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци ќе биде затворен за сообраќај.

Во интерес на безбедноста во сообраќајот, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе