Радио Кочани
Кочани

Лефков на прес на почетокот од кампањата за парламентарните избори: 250 милиони евра годишно капитални инвестици во општините, по 50 милиони за културата и спортот во државата

394
250 милиони евра годишно за капитални инвестиции во Кочани и останатите општини, изградба на јужен булевар и мост на Кочанска река, атмосферска и фекална канализација на Пониква, најави денеска Миле Лефков, кандидат за пратеник од листата на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

Ова тој го кажа на прес конференција што се одржа во Паркот на Револуцијата најавувајќи дека од денеска започнува предизборната кампањата која ќе трае до 6 мај.
Од останатото, Лефков порача дека ВМРО – ДПМНЕ кога ќе формира влада ќе обезбеди 50 милиони евра за културата во Македонија и уште 50 милиони евра за спортот. Најави и укинување на таксата за пристап до мрежата со што ќе поевтини електричната енергија…
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе