Радио Кочани
Кочани

„Безбедни училишта – развивање на доверба“ – работилница за креирање безбедни училишни средини

237

Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата „Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“поддржан од Амбасадата на САД. 

Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, чија специјалност е детската деликвенција.

Работилницата беше фокусирана на справувањето на заедницата со безбедноста и меѓуврсничкото насилство во училиштата, со цел да влијае на подигањето на свеста кај сите вклучени страни – и на креаторите и на политиките и на спроведувачите. Исто така се разгледуваше и Протоколот за постапување во училиштата, со ставови и мислења на засегнатите страни од Кочани, вклучително и на учениците.

Присутните претставници од средните и основните училишта во Кочани, Центарот за социјални работи, Бирото за развој на образованието, невладиниот сектор и од институции кои имаат влијание и улога во креирањето безбедни училишни средини, имаа можност да споделат искуства и да се вмрежат на општинско ниво

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе