Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОКР е програмата со која во последните 3 години работно се ангажирани 48 лица во различни области како негуватели на деца од предучилишна возраст, негуватели на лица со попреченост, лични асистенти, образовни асистенти и посредници во Центар за донација.
Опслужени околу 600 лица Цел: Зголемен животен стандард на тешко вработливи лица кои се на листата невработени, од друга страна поддршка на ранливи групи на граѓани. Програмата е финансирана од страна на УНДП.Општина Кочани повеќе години е дел од програмата и благодарение на неа се опслужени илјадници ранливи категории граѓани и работно ангажирани лица кои не се доволно конкурентни на пазарот на трудот.
Нега центар за стари лица Нега центарот за стари лица започна со функционирање 2022 година со поддршка на Светска банка, во текот на 2023 година продолжи со работа со средства од Министерство за труд и социјална политика и оваа 2024 година е со поддршка на МТСП. Провајдер организација е Црвен крст Кочани… Ангажирани се 16 негуватели и околу 50-тина корисници.
Поради големата побарувачка на услугата и листата на чекање, со околу 20 стари лица, поднесено е барање за проширување на услугата на Нега центарот со уште 14 лица и уште 50—тина корисници. Услугата се дава во домашни услови. План за социјална заштита Во текот на 2022 година донесен е План за социјална заштита 2022-2025 година, стартешки документ кој е важен за развој на социјалната заштита и е предуслов за проекти од социјалната сфера. Во истиот се поместени активности како: Центар за ресоцијализција и реинтеграција; Центар за активно стареење, Лична асистенција на лица со попреченост и др. Истите се предизвик за Општина Кочани.
Планот е поддржа од ЕПТИСА и реализиран во соработка со ЗЕЛС и ЦРПМ. Помошти од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита подразбира помош во: – Лекови; – Автобуски карти – Пакети за новородено; – Градежни материјали; – Болничко лекување; – Помош затешко болни; – Еднократна парична помош; Сите овие помошти се доделуваат врз основа на претходно изготвени правилници, со дефинирани критериуми и сите се за лица кои се нашле во социјален ризик: стари, болни, настрадани во елементарни непогоди, сиромашни…