Радио Кочани
Кочани

На 21 април во Кочани – Изложба на олдтајмери од минатиот век

3,482

Излозба на автомобили од минатиот век: Зрно по зрно…
На 21.04.2024 од 12.00-15.00 часот недела, Кочани ќе биде домаќин на повеке од педесетина историски возила-олдтајмери, кои ке бидат изложени на паркингот кај Трговскиот центар, во центарот на градот.
Автомобилскито здружение Љубители на Класик Мини од Скопје, заедно со колеги, сопственици и вљубеници во делот на автомобилската историја како и Општината Кочани земаа активност за да се организира овој настан.
Досега во Кочани, вљубеникот во фолцваген автомобилите, Александар, има направено неколку вакви изложби со возила од оваа марка и на тие изложби учествуваа учесници од повеке балкански земји, кои имаа можност да го запознаат градот Кочани и околината.
Овојпат граѓаните на Кочани ке можат да разгледаат и други модели на автомобили кои се возеле во минатото по нашите патишта.
На изложбата ќе присуствуваат и 15 возила кои ќе допатуваат од Република Србија.
Покрај изложувачи од Кочани, гости ке допатуваат од Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Велес, Македонска Каменица, Тетово и Скопје
Се надеваме дека со оваа иницијатива ке се покрене активност од сопствениците на историски возила во Кочани и околината и дека во наредниот период ке стане традиционално организирање на вакви изложби, со што ке се земе и поголема грижа за зачувување на дел од автомобилската историја во Македонија, а исто така и претставување на градот на гости од други средини.
Воедно ваквите изложби допринесуваат и за сицијализација, дружење, стекнување на нови пријателства и развивање на свеста за културата во сообраќајот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе