Радио Кочани
Кочани

Државна лотарија – Албанската опозиција шири невистини

1,069
Со овој допис сакаме да ги известиме Вашите почитувани читатели дека Државната лотарија на Северна Македонија најостро ги демантира дезинформациите и невистините што ги шири албанската опозиција за наводно отворање тендерската постапка за 2000 машини и 2000 нови столчиња за набавка на апарати за игрите на среќа.

Државната лотарија на Северна Македонија ја информира пошироката јавност дека немало и нема ваква тендерска постапка и дека информациите протекуваат за политички цели и за оштетување на имиџот на Државната лотарија.

Државната лотарија на Северна Македонија бара од експонентот на албанската опозиција што ја пласира оваа информација на прес-конференција со медиумите, но и од коалицијата на албанската опозиција да се извини за лажните информации објавени во јавноста, во спротивно ќе се соочат со тужби за клевета и намерно оштетување на имиџот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе