Радио Кочани
Кочани

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Новинарите од „КИМ КО – ИНФО“ го интервјуираа тв- новинарот Огнен Јаневски

371
Вчера нашето училиште, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани го посетија новинарот Огнен Јанески и Ивона Василова, претставник од Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Ги запознавме повеќе со работата и активностите на „КиМ Ко – инфо“, односно со медиумските содржини кои досега ги имаме изработено и тоа преку презентација која беше изготвена од страна на членовите на клубот.
Разговаравме отворено за клубот и добивме корисни и конструктивни совети за реализација на идните планирани активности, за новинарската професија, за начинот на снимање видеа, интервјуа и за сето она што е важно за да се биде успешен новинар.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе