Радио Кочани
Кочани

„Не користи мобилен телефон додека возиш“ и “Паркирај совесно, паркирај одговорно” – Превентивни активности во Кочани (ФОТО+ВИДЕО)

1,294

Полициски службеници од полициската станица, при ОВР Кочани, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и учениците од сообракајната струка при СОУ „Гошо Викентиев, спроведоа две едукативни кампањи “Не користи мобилен телефон додека возиш“ и “Паркирај совесно, паркирај одговорно”

Полициските службеници заедно со учениците во централното градско подрачје во Кочани, преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето како и за сериозните последици кои ги предизвикува таквото однесување, а исто така беше спроведена и кампањата Паркирај Совесно, паркирај одговорно.

Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, а се со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Д.Михајлов

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе