Радио Кочани
Кочани

Три први награди за кочанските ученици во основното музичко училиште „Ристо Јуруков“

1,508

Денеска на меѓународниот натпревар по камерна музика што се одржа во Кавадарци младите кочански музичари Макарија Иванова и Јован Цветанов во силна конкуренција ја освоија првата награда под менторство на професор Марија Лазарова и професор Душан Стојанов во дисциплината четирирачно пијано на воодушевување на сите присутни ја има најдобрата изведба, па жири комисијата за композициите „Унгарски танц“ и „Полка“ сосема заслужено им ја врачи дипломата за освоеното прво место.

Исто така ученичките Јана Филипова и Ана Пејчева во дисциплината четирирачно пијано во класа кај наставниците м-р Елизабета Ѓеорѓиева и м-р Драгана Карова Ангелова освоија прва награда.

Учениците Александар Крстов, Симон Бошковски, Стефанија Атанасова, Драган Стаменков, Никола Паунов и Баже Ацева кои учествуваат во училишниот оркестар на народни инструменти кај наставникот Виктор Постолов освоија прва награда.

-Продолжуваме и понатаму со вредна работа и врвно музицирање за да останеме секогаш на врвот – изјавија за „Радио Кочани“
Честитки за сите наградени.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе