Радио Кочани
Кочани

Измамен 90 -годишник од Кочани: Требало да добие огревни дрва, а останал и без парите…

1,498

На 20.03.2024 во 13.13 во СВР Штип, 90 – годишник  од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, околу 12.40 часот во неговиот дворот влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен. Како што е пријавено, откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе