Радио Кочани
Кочани

По повод Денот на крводарителството во Македонија – градоначалникот Папазов организираше прием на повеќекратни крводарители од Кочани

426

Во пресрет на 17 Март – Денот на крводарителството во Македонија, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием на претставници на Општинската организација на Црвен крст – Кочани и повеќекратни крводарители.

– Ова е традиционална средба со кочанските крводарители на која разговараме за тековните состојби, предизвиците и плановите за работа во следниот период. На тој начин ја изразуваме нашата поддршка кон оваа значајна организација и кон крводарувањето како хуман чин – истакна градоначалникот Папазов.

– Ова е уште една форма на промоција на крводарителството, почит и благодарност кон сите што дарувале од својата драгоцена течност и на тој начин спасиле живот –  нагласи Анета Коцева, секретар на кочанскиот Црвен крст.

На средбата присуствуваа кочанци кои дарувале крв и повеќе од 100 пати. Тие што дарувале 100, 75 или 50 пати, на свеченоста по повод Светскиот ден на крводарителството, ќе добијат признанија.

Изминатата година Црвен крст – Кочани има реализирано 19 крводарителски акции и собрано 1006 крвни единици.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе