Радио Кочани
Кочани

Утре – Ангажирај се за чиста и здрава животна средина

266

„Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“ е пораката која се испраќа со акцијата за чистење на ѓубрето во кругот на Стара касарна под АСНОМ во Кочани.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани и локални организации да бидат дел од акцијата која ќе се случува во четврток, 14 март, во периодот од 09.00 до 12.00 часот. За поголема успешност поддршка даваат и екипи на ЈП Водовод, а потврдено е и учството на населението кое живее во непосредна близина на местото.

Активноста е дел од проектот на СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment” кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе