Радио Кочани
Кочани

Панел-дискусија: „Одржлив туризам за патување во Кочани“

494

Општина Кочани во соработка со Здружението „Еко Логик“ – Скопје денеска организираа панел-дискусија на темата: „Одржлив туризам за патување во Кочани“.

Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој говореше за  природните потенцијали на Кочани и можностите за нивно ставање во функција на развој на туризмот, како и за потребата од подигање на свеста за промовирање зелени вештини и професии, особено во секторот туризам.

Пред присутните беа презентирани четири теми. Успешната приказна за одржлив туризам со „Еуро Хотел Градче“ ја претстави Руди Георгиев. Ирена Мирчовска од Еко Тим Исток – Кочани презентираше креирање на туристичка мапа за еко туризам  во Кочани, како и бизнис план за еко туризам, резултат од проектна активност на Еко Тим Исток, а Лазо Димитров од граѓанското здружение „Среќни луѓе“ го претстави проектот „Браната Градче да блесне како езерски бисер“ – проекти поддржани од ЕУ и кофинансирани од Општина Кочани.

Активноста е дел од проектот „Припер“  Промовирање заштита на природата и учење за климатските промени,  проект кој е  финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата KA2 – Партнерства за соработка во областа на младите. Координатор на проектот е Општина Ушак од Турција.

Други партнери во проектот, покрај Општина Кочани се општините Селчи од Италија и Метаморфозис од Грција, потоа Еко Логик – Македонија, Sustainable development Association  од ТурцијаSystem Dynamics Italian Chapter – Италија и LATRA Innovation Lab – Грција и Symplexis – Грција.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе