Радио Кочани
Кочани

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, празникот 8ми Март недвосмислено го искористи на дамите да им подели цвеќе и препорака за почитување на сообраќајните правила и прописи

1,518

Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот е функционален склоп на нејзините активности како возач, како учесник во сообраќајот и како општествен чинител.

Па затоа по повод  8ми  Март, меѓународниот ден на жената, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица  реализираа акција за безбедност во сообраќајот за жените возачи на моторни возила.

Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, возете совесно, одговорно и со верба во себе. Покажете дека сте пример за успешност во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата.

Честит 8 Март!

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе