Радио Кочани
Кочани

Виничките пожарникари интервенираа по испукана боца од хлор – На вработените им е даден кислород !

2,945

Центарот за управување кризи (ЦУК) информираше дека вчера била отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница.

Од РЦУК Штип велат дека пожарникарите од Виница од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица.

„Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас“, велат од ЦУК.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе