Радио Кочани
Кочани

Амбасадорот на Република Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер во посета на Општина Кочани

568

Денеска, Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер беше во официјална посета на Општина Кочани, каде што оствари средба со Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Градоначалникот Љупчо Папазов ги претстави локалните економски капацитети, културни и природни богатства, туризмот како стратешки правец за развој, како и образовните ресурси во Кочани.
Се разговараше за можностите за нови проекти и напредок на општината. Во склоп на денешната посета, Амбасадорот Бомгартнер го посети и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе