Радио Кочани
Кочани

Пензионерите дрвата за огрев ќе ги добијат до крајот на септември, а ќе ги плаќаат на 8 рати

2,732
Уписот во списокот  за набавка на огревно дрво преку Здружението на пензинерите од Кочани е веќе при крај.

Огревното дрво највозрасните жители од Општината ќе го плаќаат на рати, а сите што се пријавиле дрвата за огрев ќе ги добијат до крајот на септември, најави денеска Јелица Зафирова, претседателка  на кочанското Здржение на пензионерите непосредно пред почетокот на редовното Годишно собрание.
На Собранието делегатите расправаа за повеќе прашања предвидени со дневниот ред. Беше усвоена програмата за работа за тековната година и финансискиот план со кој тие активностите ќе бидат „покриени“. Истовремено од делегатите беа прифатени извештајот за работа за претходната 2023 -та година и завршната сметка, исто така, за претходната година.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе