Радио Кочани
Кочани

Кочанската компанија ATOM STEEL LTD со крупни чекори напред! – Произведува и продава низ цел свет…

4,640

-Atom Steel LTD e прва и единствена компанија, која е целосно компелтирана за производство на секаков вид  бандери, односно кружна, конусна, октагонална, цефкова, бандери за јарболи и др.

Со сертификатите 43 и 45  компанијата Atom Steel Ltd  ќе може да ги продава низ цел свет.

Со еден збор  Atom Steel Ltd  сега е единствена компанија, која е комплетна во производство на бандери, вели сопственикот Мишел Ѓорѓиев и додава:

-„Имаме најсофистицирани машини, си ветивме дека  во 2023 година ќе бидеме комплетни. Тоа и се случи со купување на многу важната машина, наречена „тандем преса“, што е специјализирана машина за производство на  секаков тип на бандери. Ние сме компанија која има пет години експанзија во делот на производството. Работиме на Балканот, но по европски терк. Atom Steel Ltd  е компанија која вложува во Македонија, додава Ѓорѓиев.

Но, ова не е максимумот што ова компанија го има зацртано. Напротив, пред нив се нови предизвици, кои, како што велат,  со Божји благослов, ќе ги постигнат.

 

Нашето мото е нашата внатрешна сила, која е извор кој никогаш не пресушува. Затоа нашата порака е да веруваме во нас како народ затоа што заедно можеме се, додава тој.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе