Радио Кочани
Кочани

Во МКЦ денеска во 18 часот – Предавање на др. Млаѓен за проблеми во пчеларството

369
Пчеларското Здружение Матица – Кочани организира предавање кое ќе биде реализирано од страна на др. Владимир Млаѓан, универзитетски професор и пчелар практичар од Република Србија.

Тема на предавањето ќе биде: „Виталност и одржливост на пчелните друштва, со посебен осврт на проблемите со вароата и вирусите, пестицидите, исчезнување на пчелите, ноземозата и други актуелни проблеми во пчеларството“.
Предавањето ќе се одржи денеска,  27.02.2024 година во Мултикултурниот центар во Кочани (старо кино) со почеток од 18.00 часот.
Влезница 100 денари.
Ја очекуваме вашата посета за заедничко дружење и збогатување на знаењето, наведено е во соопштението на ПЗ „Матица“.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе