Радио Кочани
Кочани

Амфенол вработува Програмер на CNC глодалица

2,859

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лице за работно место:

 

 

Програмер на CNC глодалица

Одговорности и задачи:

  • Активна работа на креирање на програми за ЦНЦ глодалица за изработка на нови делови за потребите на производство, како и оспособување на стари веќе дотраени делови со доработка со цел повторно воведување во процесот на производство и секојдневно одржување и грижа за машината.
  • Пратење на потребниот алат во употреба и на залиха и креирање на барања за обновување на алатот и приборот за непречена изработка на деловите према креираната програма за ЦНЦ глодалицата.
  • Работа по добиени задачи.
  • Чување, одржување и сугерирање за правилна употреба на мерниот и резен алат и прибор во работилницата.
  • Одговорно однесување во извршување на задачите во машинската работилница
  • Целосна функционалност на производните машини и опрема со цел подобра ефикасност на производство

Потребни квалификации:

  • Високо образование (предност технички науки)

Средно образование (предност машински техничар)

  • Работното искуство ќе се смета за предност (посебно во производствена фирма)
  • Познавање од програмирање за работа со нумерички машини – ЦНЦ глодалка, познавање на работа во алатница
  • Познавање на некои од програмските јазици за ЦНЦ глодалки, читање на техничка документација, комуникациски способности, способност за тимска работа

 

 

 

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 10.03.2024 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Програмер на ЦНЦ глодалица

 

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе