Радио Кочани
Кочани

ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ СРЕТНАА НАЈВИСОКИОТ МАЖ И НАЈНИСКАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ

966

Турчинот Султан Ќосен од градот Мардин, висок 2,51 метар, е сопственик на титулата највисок човек во светот.

Највисокиот човек во светот во Калифорнија се сретна со најниската жена во светот, Индијката Јоти Амге, висока само 62,8 сантиметри.Ќосен и Амге влегоа во Гинисовата книга на рекорди во 2011 година и оттогаш немаат конкуренција.Освен со својата висина, Турчинот влезе во Гинисовата книга на рекорди и со своите долги дланки 27,5 сантиметри и стапала долги 36,5 сантиметри во 2009 година.По шест години Ќосен и Амге повторно се сретнаа во Калифорнија, каде што заедно појадуваа, а на крајот се фотографираа за спомен.

 

Денес и двајцата патуваат во Лос Анџелес на покана на американски продуцент што ќе ја овековечи средбата на највисокиот човек и најниската жена во светот.Ќосен и Амге се сретнаа и во Каиро во 2018 година на покана на Министерството за култура и туризам на Египет и притоа ги посетија пирамидите во Гиза.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе