Радио Кочани
Кочани

Двајца загинати и седум повредени во сообраќајката која се случи попладнево на експресниот пат Штип – Кочани.

25,412

Седум души се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на експресниот пат Штип – Кочани.

Возилата на Итната помош пристигнале на местото на несреќата во близина  на селото Чешиново и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата на кочанската болница, а некои од нив се препратени на клиниките во Штип и Скопје.

Од полицијата пак потврдија дека во сообраќајката засега има две загинати лица, но нивниот идентитет не е соопштен.

Според неофицијални информации во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила,  „ Волксваген Голф“ со кочански, „Цитроен“ со винички и „Сеат“ со скопски регистарски ознаки.

Во моментот се присутни припадници на полицијата и се врши увид на местото на несреќата.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе