Радио Кочани
Кочани

Од затвор се заканувал на неговата мајка и брат

1,689

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(29) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Осомничениот во два наврати на 16.01.2024 и на 21.01.2024, и тоа во моменти кога тој се наоѓа на издржување казна затвор во затворот Штип преку електронски пораки им се заканувал на неговата мајка и на неговиот брат при што истите случајот го пријавиле во полиција.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе