Радио Кочани
Кочани

ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Кочанското здравство е уништено

434

Неспособноста на партиските војници кои неколку години го ,,водат” здравството во Кочани доведе до една грда слика и погрешна претстава за здравствените работници кои сакаат да работат и кои со својата стручност и професионалност планираат да ги подобрат состојбите овде, во нашиот град.

Според последната ранг листа на можности за здравствена заштита што ја направил Центарот за граѓански комуникации од Скопје, Кочани е во последната третина, т.е. на 19 позиција.Според истото истражување кое вклучува 22 индикатори, меѓу кои како најважни се земени човечките ресурси и квалитети во услугата, просторните искористени капацитети, бројот на жители на една матична ординација и бројот на деца по педијатарски ординации (Според Здравствена карта на Р. Македонија и расположиви податоци до крајот на 2021 година).

Кочанското здравство е меѓу последните на ранг листата според можности за здравствена заштита, и тоа е резултат на неколкугодишното менаџирање на неспособните кадри на СДС. Кочанската болница се до 2017 година имаше над дваесетина возила во возна состојба, имаше 24/7 лабораторија, рентген и централа, имаше функционална Итна медицинска помош, со еден збор, имавме функционална болница.

Одговорните за уништеното локално здравство ќе мора да си ја признаат вината, да се извинат на граѓаните и никогаш, ама никогаш повеќе да не се обидуваат да ,,менаџираат” ако не се способни.Кадрите на СДС докажаа колку само можат да уништат, а за тоа жив доказ е сликата на болницата во нашиот град. Со ваквото седумгодишно владеење се потрошени околу 30 милијарди евра, а здравството во Кочани е во постојан пад.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе