Радио Кочани
Кочани

Виница – Се реконструира водоводната мрежа во Ромското маало

276
Деновиве, со интензивен тек се врши реконструкција на дел од водоводната мрежа во Ромското маало, односно на ул. „Иво Лола Рибар“ до спојот со ул. „Маршал Тито“, со вкупна должина од 270 метри, информираат од Локалната самоуправа на Општина Виница.

Досегашните азбест- цементни цевки ќе се заменат со полиетиленски со висок квалитет, со пресек Ф-225мм.
Истовремено, ќе се изврши и преспојување на постоечките (реконструирани) водоводни линии со нов- реконструираната.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе