Радио Кочани
Кочани

Борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани на средба со градоначалникот Папазов ги претстави резултатите во 2023 година

341

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со претставници на Борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани.

Активни борачи од различни генерации на „Спартак“ и членови на клупското раководство, на средбата со градоначалникот ги претставија активностите, резултатите и освоените награди и признанија во годинава што изминува.

Борачкиот клуб „Спартак“ му се заблагодари на градоначалникот Папазов, истакнувајќи го значењето на поддршката што ја дава Општина Кочани во спортските успеси на борачите.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе