Радио Кочани
Кочани

Во Кочани отворен нов тренинг центар за PLC програмирање (ВИДЕО)

758

Во средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани денеска  се отвори новиот тренинг центар за PLC програмирање.

На отворањето беа присутни претставници од приватниот и образовниот сектор, меѓу кои и  директорот на Амфенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков, директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Владо Симеонов, градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, како и директорот на активностите на USAID  Партнерства за економски раст  Дејан Јаневски.

Настанот беше организиран од СОУ „Гошо Викентиев“ –  Кочани и  најголемата компанија во регионов „Амфенол Технолоџи Македонија“ во соработка со активностите на USAID  Партнерства за економски раст и Млади кои создаваат можности.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе