Радио Кочани
Кочани

Конституиран Локалниот совет за превенција во Општина Кочани

325

По одлука на Советот на Општина Кочани, денеска е конституиран Локалниот совет за превенција во Општина Кочани.

Целта на Локалниот совет за превенција е формирање заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Кочани, како и градење доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во своето обраќање пред присутните ја потенцираше важноста на ова тело и потребата да работи на препознавање на ризиците и превентивно дејствување. Телото коешто брои четириесетина членови, ќе функционира по потреба, превентивно, со мали работни групи: за превенција од малолетничко престапништво; заштита на животната средина; за безбедност во сообраќајот; безбедност од пожари и елементарни непогоди; за превенција од криминал, заштита на животот и имотот на граѓаните…

На конститутивната седница, членови на телото издвоија дел од приоритетите на кои треба итно да се дејствува заради подобрување на општата состојба на локалниот јавен ред и мир, а изнесоа и предлози за пофункционално и поефикасно работење на ова тело.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе