Радио Кочани
Кочани

Делегација од Општина Кочани во посета на Кастроп-Рауксел: размена на искуства и практики за развој на капацитетите на локалнaта соработка

386

Од 4 до 6 декември, делегација од Општина Кочани и КЈП „Водовод“ учествуваше во проектот за локална размена помеѓу Германија и Македонија, кој се спроведува од Сервисната агенција – општини во еден свет, како организациска членка на Engagement Global.

Посетата претставуваше стручна размена на искуства и практики за развој и зајакнување на капацитетите на локалнaта соработка во постигнувањето на глобалните цели за одржлив развој од Агендата 2030 на Обединетите нации и на политиките од Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.

Делегацијата од Општина Кочани го  посети градот Кастроп-Рауксел во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде се запозна со функционирањето на комуналното претпријатие и со начинот на спроведувањето на процесите за управување со комуналните услуги, како и со неколку економски субјекти од областа на менаџментот на води.

Целта на овој проект е со професионалните размени и соработката меѓу општините да  придонесе кон засилување на локалната демократија во двете земји. Проектот е финансиран од Стопанската влада на Северна Рајна-Вестфалија и Сојузното министерство за економска соработка и развој.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе