Радио Кочани
Кочани

3000 садници за 3000 вработени…

1,454

,Амфенол Технолоџи Македонија” денес пошумуваше опожарени површини во околината на Кочани. Во месноста ,,Пресечена скала” педесетина административци и менаџери, заедно со директорот Сашко Наков, засадија 3000 садници багремова шума. Акцијата за пошумување беше реализирана во соработка со јавното претпријатие ,,Македонски шуми” Подрачна единица – Кочани.

Акциите за пошумување ,,Амфенол” самоиницијативно ги спроведува секоја година, со цел да се помогне во обновувањето на шумскиот фонд во Кочанскиот регион и да се остави нешто вредно и за идните генерации. По еден садник од секој вработен – за Кочани, од ,,Амфенол Технолоџи Македонија”. За поздрава и поубава животна средина.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе