Радио Кочани
Кочани

Работилница за препознавање и превенција од родово базирано насилство меѓу децата

402

Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“.

Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“, едукатор од UN Women разговараше за формите, мотивите и начините на препознавање на родово базирано и семејно насилство.

Низ примери од секојдневниот живот учениците покажаа дека умеат да препознаат насилство што доведува до физичка, сексуална, психичка или економска повреда кај девојчињата и кај момчињата, како и насилство во семејството.

Работилницата е реализирана во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, во соработка со проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој се имплементира  преку програмата на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Општина Кочани со оваа работилница настојува да ја подигне општествената свест и да поттикне размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на  родово базираното насилство.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе