Радио Кочани
Кочани

Германската амбасада го „даруваше“ ДПД Кочани со техничка опрема

318
Денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани се одржа чинот на примопредавање на донацијата во опрема од  Амабасадата на Сојузна Република Германија во Скопје за Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Донацијата на кочанските доброволци им ја предаде претставник од економскиот оддел на Германската амбасада во Македонија.
Опремата што ја добија како донација, на членовите на Доброволното противпожарно друштво од Кочани ќе им послужи во текот на нивните активности во случај на пожари, поплави, сообраќајни незгоди и други природни катастрофи кои го загрозуваат животот  и имотот на граѓаните и стопанските субјекти.
Доброволното противпожарно друштво од Кочани постои од 2021 година и оттогаш редовно е партнер во сите активности на професионалните пожарникари од ТППЕ.
Германската амбасада денеска при престоојот во Кочани го поздравува хуманиот доброволен ангажман на членовите на ДПД, кои освен во вид на помош во цивилната заштита се активни и во обуки на најмладите од различни области, како и во поглед на заштитата и унапредувањето на животната средина.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе