Радио Кочани
Кочани

За првпат во Кочани формиран училиштен новинарски клуб

783

Од неодамна започна со работа медиумскиот (новинарскиот) клуб ,,КиМ Ко Инфо” во ОУ ,,Св.Кирил и Методиј”- Кочани. Покрај големиот број пријавени училишта на ниво на државата, одобрена е и оценета како успешна нивната апликација, како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС.

Со тоа ова училиште стана дел од избраните основни училишта во државата во кои ќе бидат отворени и ќе функционираат медуимски (новинарски) клубови со учениците. Им посакуваме многу успех, се надеваме на соработка со нив и очекуваме од членовите на новинарскиот клуб дека ќе се развијат млади новинари, коишто ќе ги шират информациите објективно, навремено, и точно.


Да ги поддржиме и да го заследиме нивниот Фејсбук и Инстаграм профил, за да бидеме во тек со новостите од ОУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Кочани.

https://www.instagram.com/kimko_info?igshid=YzAwZjE1ZTI0Zg%3D%3D
https://www.facebook.com/profile.php?id=61553813889362&mibextid=ZbWKwL

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе