Радио Кочани
Кочани

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани го одбележа меѓународниот ден на лицата со попреченост…

804

Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани денеска го одбележа со промоција на две книги за деца со реализација на интерактивни, – инклузивни работилници. Првата книга е со наслов Приказна за деца-Посебностите се ретки, чувајте ги и учете од нив од авторката Наташа Брезосвска-Богоевска, и самата тема на книгата и инспирацијата за истата е поврзана токму со деца-ученици со попреченост.

 

Втората книга со наслов Кошница со овошје е од авторката Сања Стојанова. За двата наслови ќе бидат реализирани интерактивни, инклузивни работилници со ученици, на кои координатори на работилниците ќе бидат самите авторки. Двата наслови се достапни во аудио верзии за потребите на лицата со оштетен вид, слепи и слабовидни. Со тоа, даваме акцент дека сите ние треба да дадеме свој придонес во прифаќањето на сите околу нас, бидејќи сите сме еднакви под ова сонце. Да се смени стереотипното однесување, да се намалат стигмите кон луѓето со пореченост и да се крене свеста за интелектуалната попреченост.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе