Радио Кочани
Кочани

Се градат улици на неколку локации во општина Кочани

1,126

Во тек се работите за изградба на улицата „Александар Митев“ во селото Тркање. Градежната фирма „Коле транс“, како избран изведувач, работи на ископ и тампонирање на траса долга 520 м, со ширина од 3,5 до 5 м. За асфалтирање на оваа улица се обезбедени 2.332.000 денари од Буџетот на Општина Кочани.

Деновиве, во населбата Драчевик, градежна механизација на „Калина“ од Оризари  пробива дел од улицата „Бел камен“, која ќе биде широка 6 м, а во нејзина непосредна близина се пробива и пристапна улица со ширина од 5,5 метри.

Овие градежни активности во населбата Драчевик се во функција на создавање услови за продажба на градежни плацови, сопственост на Општина Кочани, со што ќе биде одговорено на потребите на граѓаните.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе