Радио Кочани
Кочани

Хуманитарен настан за обезбедување пристап за учениците со попреченост во СОУ „Гошо Викентиев“

471

По повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост, Општина Кочани организира  хуманитарен културно-забавен настан под мотото „Без бариери“.

Во програмата што ќе се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, на 1 декември (петок), во 10:30 часот, ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта.

Овој настан е со донаторска цел – да се приберат средства за набавка на помагало за  движење по скалишниот простор во СОУ „Гошо Викентиев“.

Општина Кочани ги повикува сите правни и физички субјекти  да се вклучат со свое учество во донаторската акција и да им помогнат на учениците кои имаат тешкотии со пристапот до училишните простории.

Помагалото за движење по скалишниот простор чини околу 4.000 евра.

Средствата од оваа донаторска акција ќе ги прибира  Црвен крст Кочани. Готовина може да се донира на самиот настан, а уплатата може да се врши на сметката на ОО Црвен крст – Кочани: 270040487680189, Халк банка.

Донаторите ќе бидат промовирани на денот на поставување на помагалото во СОУ „Гошо Викентиев“.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе