Радио Кочани
Кочани

Денеска во 13, 30 – Во МКЦ Детска патувачка фолк библиотека

232
На 21 ноември (вторник) 2023 г. во 13 и 30 часот во Мултикултурниот центар, ќе се реализира музичко-фолклорен настан насловен „Детска патувачка фолк библиотека“, со промоција на две фолк-сликовници.

Настанот е во организација  на ЈОУ Библиотека „Искра“, во соработка со  ООМУ „Ристо Јуруков“ и ФОЛКОНИКА- Центар за зачувување на македонската фолк музика, фолклорно творештво, едукација и иновации за деца.
На интерактивниот настан со музички изведби, се со цел претставување на македонското фолклорно наследство на младите генерации, ќе учествуваат ученици од основните училишта од Кочани и основното училиште од Оризари. Целта на ваквиот интерактивен настан, каде што младите ќе земаат учество е да ги научиме младите генерации да го негуваат и да го зачуваат македонското музичко-фолклорно културно наследство.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе