Радио Кочани
Кочани

Основно училиште од Облешево и средно од Кочани освоија награди на фестивалот во Тетово и ќе ја преставуваат нашата земја во Финска…

1,390

ООУ Климент Охридски -Облешево во соработка со СОУ Љупчо Сантов –Кочани викендов  учествуваа на фестивалот во Тетово, „Science on Stage North Macedonia и STEMLab“.

На овој научен фестивал наставниците ги претставија своите иновативни проекти од областа на STEM образованието.

Меѓу другите високото трето место го освоија Борче Алексов  професор во  СОУ Љупчо Сантов –Кочани и Наталија Георгиевска наставник во  ООУ Климент Охридски -Облешево со нивниот проект “Нарушување на природниот екосистем со долготрајна употреба на синтетичко ѓубриво кое доведува до хемиски дисбаланс во растенијата приматели”.

Воедно 4-те најдобри  проекти го добија   правото да ја претставуваат нашата земја на  престижниот „European Science on Stage Festival“ во Финска од 12-15 август 2024 година.

Им посакуваме успех…

 

.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе