Радио Кочани
Кочани

На Пониква – Се одржа завршната работилница од проектот „Грижа за биодиверзитетот на Осоговските Планини“

496
На Пониква вчера се одржа последната работилница од проектот „Грижа за биодиверзитетот на Осоговските Планини“ што  го реализираше ЗГ „Грин – ОРГ“ од Кочани.

Во текот на изминатите две недели беа организирани шест едукативни работилници на кои учествуваа повеќе од стотина ученици од основни и средни училишта од Општина Кочани и од Скопје.
При тоа, учесниците стекнаа знаења од областа на екологијата, разговараа за разновидноста на животинскиот и растителниот свет застапен на Осоговските Планини, научија што претставува Архуската конвенција.
Проектот „Грижа за биодиверзитетот на Осоговските Планини се реализираше преку Програмата за механизам за граѓанска отпорност (МГО) и е финансиран од ЕУ.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе