Радио Кочани
Кочани

Разбојник од Кочани фатен при обид за кражба

4,046

МВР информира дека денеска полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето.

Притоа, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.

Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе